ОН: Во Авганистан засадени рекордни 328 илјади хектари со афион
Во Авганистан во 2017 година се засадени 328 илјади хектари афион и тоа е апсолутен рекорд во историјата на државата. Од нив може да се произведат девет илјади тони наркотици, истакна заменик генералниот серкетар на ОН, Јуриј Федотов.
Зголемувањето е за дури 63 отсто од досегашните 150-170 илјади хектари.
- Производството на опиум е зголемено за 87 отсто, изјави Федотов.
Најголем дел од посевите се во територии под контрола на Талибанците.
Федотов додаде дека производството на опиум се зголемува паралелно со се поголемите количества синтетички наркотици.
Тој вели дека зголемувањето на производството на наркотици во Авганистан, во момент на порази на ИД во Сирија и Ирак, може да значи дека џихадистичката група сака да се дислоцира во друг регион и поради тоа подготвува финансиска база.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини