Во Албанија евидентирани 12 новозаразени со Ковид-19
Според денешните објавените податоци од Министертвото за здравство и социјална заштита, кај 12 лица е потврдено присуството на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени во Албанија се зголеми на 832 луѓе.
– Информираме дека во последните 24 часа тестирани се 255 сомнителни случаи при што кај 12 од нив има позитивен резултат, со што вкупната бројка изнесува 832 лица. Од нив 595 се излекувани додека се уште активни се 206, главно со лесна форма на болеста и се лекуваат во домашни услови, изјави албанската заменичка министерка за здравство и социјална заштита Мира Ракоцели,.
Од активните случаи најголем број се од Тирана – 98, потоа од Круја – 69 и во Скадар 16 инфицирани лица.
Додаде дека во изминатиот период починале 31 лица, од нив 18 се од Тирана, Драч шест, Фиер тројца, Скадар двајца и Кукс и Валона по еден починат од последици на новиот коронавирус, но имале и други болести.
Ракоцели информираше дека во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи“ моментно се наоѓаат 36 пациенти, од кои осуммина се на интензивна терапија.
Ново на Сител
-

Уставните судии имаат три опции за линеарното зголемување на пензиите, вели Мицкоски
-

УЈП прави напори парите од МојДДВ да се исплатат до крајот на неделава
-

Родителите трошат годишно во просек од 160 000-200 000 денари за да одгледаат дете
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Мицкоски: Силна поддршка за Сејф Сити
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе има безбеден сообраќај
-

Николоски: Интензивно работиме на изградба на патиштата
