Во Алабама извршена првата смртна казна по укинувањето на забраната
– Шеесет и четиригодишен затвореник осуден на смрт поради убиство е погубен денеска во Алабама со смртоносна инјекција, првпат во таа американска држава по укинувањето на забраната на егзекуциите во февруари.
Џејмс Барбер беше егзекутиран во затворот Холман во Атмор, Алабама, се вели во соопштението на јавниот обвинител Стив Маршал.
Тој беше осуден во Алабама во 2003 година за претепување на 75-годишната Дороти Епс до смрт со чекан за време на грабеж две години претходно.
Гувернерот на Алабама прогласи привремен мораториум на егзекуциите минатата година по проблемите со смртоносните инјекции и нареди ревизија на процесот на инјектирање.
Во третиот случај на неуспешна егзекуција, службениците не успеале да постават интравенска линија кај осудениот пред истекот на даденото време.
Републиканскиот гувернер ја укина суспензијата откако Одделот за затвори вклучи медицински експерти, набави нова опрема и спроведе испитувања.
Ново на Сител
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид
-
САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час
-
УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран