Фудбал
20. јуни 2025 - 20:43

Мбапе пуштен од болницата во Мајами

Шпанскиот клуб Реал Мадрид објави денеска дека нивниот напаѓач, францускиот фудбалски репрезентативец Килијан Мбапе, е отпуштен од болница во Мајами, откако беше хоспитализиран во четвртокот поради гастроентеритис со кој се здоби на Светското клупско првенство што се одржува во САД.

„Нашиот играч Килијан Мбапе е отпуштен од болница и се врати во тренинг кампот. Мбапе ќе продолжи со посебен медицински третман и постепено ќе се враќа на тимските активности“, објави Реал.

Мбапе беше изолиран од остатокот од тимот во вторникот поради гастроентеритис и не играше на натпреварот од првото коло против Ал-Хилал во средата.