Во 16 земји се пронајдени програми за кибер-шпионажа на ЦИА
Програмите на ЦИА за кибер-шпионажа, за кои Викиликс објави податоци во март, се поврзани со 40 шпионски операции во 16 земји, што претставува прва јавна процена на глобалните хакерски операции на американската разузнавачка агенција, соопшти компанијата за компијутерка безбедност „Симантек“.
Програмите што се наведени во податоците што Викиликс неодамна го објави, се поврзани со електронско инфилтрирање на меѓународни, финансиски, енергетски и вселенски организации насекаде во светот, објасни „Симантек“.
Како и многу други безбедносни фирми, и оваа компанија до податоците дошла со посредништво на нејзините клиенти, но не даде повеќе детали со цел да не се шпекулира за идентитетот на луѓето или организациите што се вмешани во тоа.
- Кога станува збор за регионите, Блискиот Исток е најзастапен меѓу целните земји, нагласи истражувачот Дик О’Брајен.
Кога Викиликс почна да објавува податоци за програмите за кибер-шпионажа кон почетокот на март, објасни дека станува збор за програми што се преземени од Центарот за кибер-разузнавање на ЦИА.
Ново на Сител
-
Премиерот најави казни против маркетите и мерки кај услугите
-
Муцунски: Каква и да е одлуката на Уставен, нема да влијае на преговарачката рамка
-
Уште една бурна ноќ во Србија - 114 приведени, 75 повредени полицајци
-
Активни два пожара - Јасен и Јегуновце
-
Во касарната Јане Сандански - Штип презентирани нови 29 лесни оклопни возила - JLTV од САД
-
Охрид и Струга нудат услови за конгресен туризам
-
Преглед на вестите од светот
-
Беснее пожарот на Јасен, регионалниот пат Македонски Брод - Скопје целосно затворен