Во 10 сообраќајки во Скопје, 8 лица повредени

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди.
Од нив, пет се последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле пет возачи на патничко моторно возило, еден сопатник и еден велосипедист.
Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Гоце Делчев“ кое се наоѓа во населено место Горно Лисиче и во подрачното училиште во населеното место Долно Лисиче со учениците од второ и четврто одделение.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
