Внимавајте: Три Бугарки фатени како крадат на Зелен пазар
Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против З.Н.З.(19), Д.А.Д.(27) и Д.М.Д.(41) од Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „кражба“ предвидено и казниво по член 235 од КЗ на РМ. Имено, на 21.07.2018 година околу 11,15 часот на улицата „11-ти Октомври“ во Скопје поточно на Зелен пазар, откако го забележале оштетениот како пазари на една од тезгите, првопријавената искористувајќи ја гужвата во пазарот и невниманието на оштетениот се доближила до него, додека второпријавената и третопријавената се туркале во оштетениот со цел да му го одвлечат вниманието. Притоа, пријавената З.Н.З. со протнување на рака во џебот од панталоните на оштетениот го одзела новчаникот, во кој имало 5.100 денари, и документи, при што се стекнале со противправна имотна корист од 12.000 денари. Пријавените биле забележани од страна на сопругата на оштетениот и веднаш била известена полиција. Од страна на полициски службеници излезено било на лице место, по што лицата биле лишени од слобода.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?