Внимавајте на вашите автомобили - тројца Македонци останаа без своите возила
Сектор за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Н.Д.(25), С.Д.(18), двајцата од Велес, за сторени три кривични дела „одземање на патничко моторно возило“, и против Б.М.(32) од Струга, П.С.(52) од село Ропотово и А.М.(43) од село Драчево, скопско за сторено кривично дело „прикривање“. Прво и второ пријавениот ноќта помеѓу 03. и 04.08.2017 година во Тетово, на улица „Јован Ончевски“, ја отвориле влезната врата од возилото „Југо Корал“, сопственост на 61 годишно лице од Тетово, влегле во возилото, и откако ги пронашле резервните клучеви, го ставиле возилото во погон и го напуштиле местото на настанот. По извршени службени разговори, прво и второ пријавениот го признале кривичното дело, и изјавиле дека возилото го продале во Струга на третопријавениот, којшто имал отпад за старо железо. Прво и второ пријавениот на 03.09.2017 година во Тетово на улица „Борис Кидрич“, ја отвориле влезната врата од возилото „Голф“, сопственост на 36- годишно лице од Тетово, влегле во возилото, и откако ги пронашле резервните клучеви го напуштиле местото на настанот. Потоа возилото го продале на четвртопријавениот за 15.000 денари, кој, пак, го продал возилото на 50 годишно лице од Прилеп, за 450 евра. Возилото „Голф“, полициски служебници, го одзеле од лицето од Велес, и го вратиле на сопственикот. Прво и второ пријавениот на 12.09.2017 година во Тетово, во кругот на Клиничка Болница Тетово, ја отвориле влезната врата од возилото „Рено 9“, сопственост на 42 годишно лице од село Долно Седларце, влегле во возилото, и откако ги пронашле резервните клучеви го напуштиле местото на настанот. Потоа возилото го продале на петтопријавениот за 11.000 денари, по што, полициски службеници на 25.09.2017 година го пронашле возилото и го вратиле на сопственикот
Ново на Сител
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци
-
Полицаец од Матејче крадел струја за неговата чајџилница