Македонија
21. August 2024 - 14:54

Внимавајте: Лажна Фејсбук странa нуди бесплатен автобуски превоз, но краде лични податоци

Новоформирана страница на Фејсбук, наречена „Транспортна карта на град Скопје“ на граѓаните им нуди можност до крајот на месецов да си купат картичка за автобус и за тоа да добијат бесплатен превоз една година.

„Град Скопје започна кампања за подобрување на животната средина, охрабрувајќи ги жителите повеќе да користат јавен превоз! Скопска карта нуди бесплатен градски превоз за една година! Не одлагајте! Специјалната понуда важи до 31 август 2024“,  се вели во објавата на лажната страница.

 

 

Но, ЈСП Скопје апелира до граѓаните дека логото на електронската картичка Скопска што е објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена Транспортна карта на град Скопје е фалсификувано и дека таа страна воопшто не поврзана со ЈСП Скопје.

„Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните. Јавно сообраќајно претпријатие Скопје ја пријави измамата во МВР и очекува брзо постапување од надлежните за изнаоѓање на сторителите на измамата и очекува итно преземање на сите законски мерки за заштита на ЈСП“, гласи соопштението.