Внимавајте: Лажна Фејсбук странa нуди бесплатен автобуски превоз, но краде лични податоци
Новоформирана страница на Фејсбук, наречена „Транспортна карта на град Скопје“ на граѓаните им нуди можност до крајот на месецов да си купат картичка за автобус и за тоа да добијат бесплатен превоз една година.
„Град Скопје започна кампања за подобрување на животната средина, охрабрувајќи ги жителите повеќе да користат јавен превоз! Скопска карта нуди бесплатен градски превоз за една година! Не одлагајте! Специјалната понуда важи до 31 август 2024“, се вели во објавата на лажната страница.
Но, ЈСП Скопје апелира до граѓаните дека логото на електронската картичка Скопска што е објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена Транспортна карта на град Скопје е фалсификувано и дека таа страна воопшто не поврзана со ЈСП Скопје.
„Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните. Јавно сообраќајно претпријатие Скопје ја пријави измамата во МВР и очекува брзо постапување од надлежните за изнаоѓање на сторителите на измамата и очекува итно преземање на сите законски мерки за заштита на ЈСП“, гласи соопштението.
Ново на Сител
-
Несими останува тетовски муфтија
-
Врховната Рада на Украина усвои закон за воена служба по договор за странци
-
ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел