Дурмиши: Се почитува мерката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“
Според информациите од терен, мерката мерката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ се почитува од страна на трговците. Инспекторите ќе продолжат со надзорот за да обезбедат целосно почитување на мерката низ целата држава, информираше министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.
Министерот Дурмиши заедно со заменик министерот Марјан Ристески и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, денеска ги посетија книжарниците „Просветно дело“ и „Алби“ во Скопје за да проверат како се применува мерката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“.
- Денеска заедно со инспектори од Државниот пазарен инспекторат дојдовме и посетивме две книжарници во Скопје за да видиме како се применува оваа мерка. Како што можете да забележите и вие, цените на школскиот прибор кој беше утведен во нашата листа има драстично намалени цени. Инспекторите ќе продолжат со својот надзор на терен сè со цел да обезбедиме целосно почитување на мерката не само тука во главниот град, туку и низ целата држава кажа министерот Дурмиши по посетата на книжарниците.
Оваа мерка, која беше воведена минатата недела, предвидува замрзнување на маржата на училишниот прибор на 10 проценти во трговија на мало и на 5 отсто во трговија на големо, со цел да се намалат цените и трошоците за семејствата со ученици.
Ново на Сител
-
Несими останува тетовски муфтија
-
Врховната Рада на Украина усвои закон за воена служба по договор за странци
-
ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел