ВМРО-ДПМНЕ:Пакетот мерки на Владата на СДСМ не се мерки за борба против Ковид, туку за поткуп и за правење криминал
Пакетот на мерки кои го промовира Владата на СДСМ не се мерки за борба против Ковид, туку се мерки за поткуп и за правење на криминал. Тие се нефункционални, некорисни и нема да стигнат до крајниот корисник, освен до џебот на тендер владината коалиција Заев, Спасовски.
Мерките за стопанството се без јасни критериуми. А секогаш кога нема јасни критериуми шансата за малверзации и криминал е огромна. На пример мерките се за справување со последиците на корона кризата, а предвидуваат 120 милиони евра за стартап новоформирании компании, или фирмите на Вице Заев, Хари Локвенец, Цветанка Ласкова, брат му на Сашо Ордановски и останатите кои веќе земаа пари од Фондот за иновации.
Предвидуваат 25 милиони евра гаранција за царински долг, што во превод значи 25 милиони евра за царина за фирмите за Вице Заев.
Ќе даваат 76 милиони евра за земјоделство, а притоа нема критериуми за тоа, и се пари кои веќе државата ги располага преку постоечката програма за земјоделие. Што значи прават чисто политиканство.
Ќе даваат платежна картичка за невработени, и наместо парите да легнат на веќе постоечка картичка тие ќе легнат на нова картичка што значи нов бизнис за владата.
Ова се мерки за поткуп,. А не и конкретни мерки за спас на економијата.
Ново на Сител
-

Поплави во југозападна Македонија – Жителите најавуваат тужби за штетите
-

Тема на денот со Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците
-

Три години казна затвор за Асани во случајот со Веапоска
-

Мицкоски од Тирана: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена
-

Одреден куќен притвор за двајца даночни инспектори, Обвинителството најави жалба
-

Адем Чучуљ е кандидат за претседател на ДКСК
-

На 28 ноември пресуда за моторџијата кој го прегази дедо Jуго
-

Во здравството во Македонија работат 32.383 лица – Има повеќе од двојно гинеколози од анестезиолози
