ВМРО-ДПМНЕ: Зошто СДС ја крие спомен собата на Гоце Делчев во Св. Спас?
Спомен-собата на апостолот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев која се наоѓа во црковниот комплекс Св. Спас, каде се наоѓа и неговото вечно почивалиште, од доаѓањето на СДС(М) на власт успешно се крие од очите на јавноста. Иако во истиот комплекс е вдомен и Конзерваторскиот центар - Скопје, сепак останува нејасно зошто власта и институциите задолжени за промоција на ликот и делото на Делчев остануваат неми и незаинтересирани за промоција и презентација на биографската историја на македонскиот великан, за чија намена беше обновена спомен-собата со едукативна цел и намена - македонските и странските посетители на ова култно место да се запознаат со ликот и делото на македонскиот револуционер.
Проектот „Осовременување на постојаната музејска поставка Гоце Делчев - наш незаборав и вечен патоводител“ беше инициран и реализиран во периодот од 2013 до 2015 година, во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, одобрен и фининсиран од Министерството за култура. Овој успешно реализиран проект за Делчев, денес во очи на неговиот роденден и јубилеј 120 години од загинувањето, тоне во заборав. Mузејската поставка фаќа прашина зад затворените врати, далеку од очите на јавноста, целосно игнорирана и заборавена од институциите на власта.
Ваквиот девaстирачки пристап на Владата на СДС(М) кон сè што е македонско продолжува успешно да се реализира, издигнувајќи се до степен на сопствена автоцензура, кога станува збор за промоција и презентација на македонската историја, притоа, плашејќи се и криејќи се од сопственото минато, свесно премолчувајќи сѐ што е поврзано со македонската историја, со една единствена цел - да им се удоволи на уцените и барањата на соседите.
Ваквиот наратив на македонско национално обезличување започнато во 2017 година метастазира на секое поле, па дури и со првиот симбол на Македонија, таткото на нацијата, Гоце Делчев. Од 2017 година изминаа повеќе чествувања и по повод раѓањето и по повод смртта на Делчев, а нему посветената и обновена музејска поставка сѐ уште не е претставена пред македонската јавност.
Токму затоа институциите на власта се должни да дадат одговор пред македонската јавност: Зошто ја кријат спомен-собата на Гоце Делчев во комплексот Св. Спас подалеку од очите на народот?
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Герард Кестел, Меѓународниот институт за социјални студии во Холандија
-
Средба Николоски-Караџов: Брзо да се финализира договорот за изградба на железнички тунел
-
Кочовска: До овој момент нема понуда за пругата од Коридорот 10
-
Лидерска средба ЕУ – Западен Балкан во Скопје, аналитичарите не очекуваат исчекор во македонските евроинтеграции
-
Филипче во Берлин ќе лобира против „современ“ македонски јазик
-
ЗНАМ до средината јули ќе ги објави кандидатите за градоначалници
-
По одлуката на Уставен, ВРЕДИ и ДУИ се судрија за пописот во 2021
-
Пазарниот инспекторат констатирал зголемување на цените во маркетите, но не биле повисоки од пред замрзнувањето