ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче и Хасани трошеле пари за модуларна болница во Тетово, кога веќе имало објект во тврда градба кој требало само да го опремат?
Поставување на модуларната болница во Тетово воопшто не било потребно. Во состав на тетовската болница постои зграда од тврда градба со два ката целосно слободно, на кои им било потребно само опремување и тие можеле да бидат наменете за згрижување на КОВИД болни.
Зошто не се искористени празните капацитети на тетовската болница, иако ги имало, туку Филипче и Хасани се впуштиле во нов трошок по буџетот за поставување на модуларна болница? Дали трката по нечиј профит била поважна од квалитетот на градбата во која ќе бидат сместени пациентите?
Покрај пропустите при поставувањето на модуларната болница, нејзиното одржување, и пропустот со материјалите кои биле вградени, Филипче и Хасани имаат одговорност и зошто не ги искористиле сите капацитети кои ги имаат, туку пребегнале кон трошење на народни пари за изградба на контејнерски болници, кои видовме дека горат како кибрит.
И сега истите овие Филипче и Хасани, не само што не си дадоа оставки, туку глумат одговорност, туку и ЈО со неповикување на сослушување ги штити и им овозможува да влијаат врз потенцијалниот тек на истрагата.
Наместо сослушување и повикување во ЈО на директно повиканите за овој случај, ЈО ги повикува роднините на починатите како тие да ја граделе, и одржувале болницата, а не владата и министерството за здравство на чело со Филипче и Хасани.
Колку и да бегаат и да се кријат од одговорност Филипче и Хасани, тие не можат да избегаат од одговорноста за 14 изгубени животи.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Царината наплати над 190 милиони евра во април – речиси 13 милиони повеќе од лани
-
АХВ казни 14 месарници – Уништени над 300 килограми небезбедна храна
-
Мапирање на диви депонии со помош на вештачка интелигенција - пилот проект во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава