ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и СДСМ наместо да се соочат со волјата на граѓаните и да го признаат поразот, се решија да ја силуваат демократијата и институциите
Зоран Заев и 80-те очајни пратеници не добиле мандат да го бришат името, идентитетот, историјата, традицијата и културата.
Ниту тие од СДСМ и владејачката коалиција, ниту оние кои го поддржаа Заев а беа избрани на листите на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, не добиле глас за реализација на антидржавните политики.
Самиот Заев гарантираше дека Уставот нема да се менува бидејќи бил одлучен и европски.
На измамникот Заев зборот му траеше од еден до друг криминален тендер и одлучи да се откаже од се што е македонско и да ги прифати грчките максималистички барања.
Македонскиот Устав нема потреба и не треба да се менува.
Тоа беше јасно порачано и од македонските граѓани кои не дадоа поддршка на референдумот и се спротиставија на менување на името на Република Македонија, нејзините историја, култура и традиција.
Референдумот доживеа фијаско, граѓаните не дадоа легитимитет на промена на Уставот со цел промена на уставното име. Нивната волја, власта и пратениците мора да ја почитуваат, а не насилнички да ја погазуваат.
Зоран Заев и СДСМ наместо да се соочат со волјата на граѓаните и да го признаат поразот, се решија да ја силуваат демократијата и институциите. На насилнички и крајно недемократски начин ги погазија правдата и правната држава и со тоа ставија точка за понатамошен демократски напредок на Република Македонија.
Конечно на виделина се покажа вистинската причина за заднината на политичкиот прогон, монтираните и нарачани обвиненија на СЈО и настаните од 27 април и затворањето на пратеници.
Крајната цел на целиот политички терор од страна на власта се покажа дека е уцена за обезбедување на двотретинско мнозинство во Собранието за да се спроведе преспанскиот договор и да се промени името на државата.
Ваквото насилство и силување на државата, но и волјата на македонскиот народ се повеќе го поларизира општеството и ја однародува власта. Погазени се човековите права и достоинството на граѓаните на Република Македонија на кои Зоран Заев им го одзеде правото на самоидентификација.
Ова срамно и капитулантско дело на Зоран Заев нема никогаш да заживее кај македонскиот народ не се откажал и нема да се откаже од Македонија и од својот идентитет.
Затоа Зоран Заев и СДСМ многу скоро ќе се соочат со граѓаните, а нивната ненародна и криминална власт ќе замине во историјата како единствена власт која потпишала бришење на името на Република Македонија, јазикот, културата, историјата и традицијата на државата. Македонија и македонскиот народ победувале и повторно ќе победат.
Ново на Сител
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови