ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и Љупчо Николовски го клекнаа земјоделието на колена
Зоран Заев и Љупчо Николовски го клекнаа земјоделието на колена. Производителите на пченица на своја кожа ја чувствуваат неспособноста на Заев и на криминалниот картел околу него. Пазарот е презаситен со српско брашно, а државата нема никаква стратегија како да се справи со овој проблем. На само недела дена пред жетвата на пченицата се уште нема потврда дали домашните мелничари ќе го откупуваат домашното производство или не.
Ветувањата што Николовски им ги даде на мелничарите дека проблемите ќе ги реши до 30 јуни и дека ќе ја стабилизира состојбата на жетвата се покажаа како една голема лага.
Не само што не се решени проблемите туку мелничарите се заканија дека нема да вршат откуп, а земјоделците ќе нема каде да ја пласираат нивната реколта.
Со СДСМ на власт земјоделието запаѓа во целосен хаос.
Николовски се покажа неспособен да го реши проблемот со увозот на брашното и маркичките, притоа не се потруди ни да овозможи непречен откуп по достоинствени цени.
Судбината на илјадници производители на пченица, чија примарна дејност е производството на лебно зрно е доведена во прашање. Земјоделците чекаат конкретни решенија се со цел да им се решат проблемите.
Додека на меѓународен план се натпреваруваа во распродавање на националните интереси и промена на уставното име, на внатрешен план на СДСМ им се случува невиден дебакл.
Неспособноста на оваа влада нема граници. СДСМ за само една година успеа да разурне она што некој внимателно го градел и создавал повеќе од 10 години. Економијата тоне, земјоделството е пред колапс, градежништвото одамна не функционира.
Земјоделците не се должни да ја трпат неспособноста на Николовски и неговата желба за министерување.
Ако Николовски не знае како да ги реши проблемите со кои се соочуваат земјоделците и да почне да им ги решава нивните проблеми треба под итно да си поднесе оставка и да го отстапи местото на некој што знае како да си ја работи својата работа.
Трпението на земјоделците и македонската јавност се при крај.
Оваа неспособна власт мора да си замине, за Македонија да тргне напред.
Ново на Сител
-
Изгласана Резолуцијата за Сребреница во ОН – 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот:
-
Тројца повредени во сообраќајка на крстосницата кај Башино Село на автопатот над Велес
-
Претседателката оствари телефонски разговор со Зеленски: Украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво
-
63-годишен маж демнеел женско лице од Дебар по што и го украл телефонот на работното место
-
Графитите избришани, сторителите непознати, насликана нова содржина на монументот на гостиварскиот кеј
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола