ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделството во колапс

Денеска бевме сведоци каде премиерот Зоран Заев на една наместена и фингирана ситуација ја промовираше мерката „Зелена нафта“. Квази мерката „Зелена нафта“ која што неколкупати потенциравме дека е фиктивна и дека нема реално да ги реши проблемите на македонските земјоделци.
Јас ги повикувам премиерот Зоран Заев и неговиот министер заедно да појдеме во било кој крај на Република Македонија и да ја видиме реалната ситуација во која што се наоѓа македонското земјоделство.
Оваа е сликата позади мене која што е реалната и вистинската ситуација во Република Македонија. Позади мене гледаме фрлени праски кои што земјоделците не можат да ги предадат на откупувачите. Затоа што првин нема откуп, а второ нема н цена.
Јас го повикувам премиерот Зоран Заев заедно со неговиот министер да одговорат према македонските земјоделци, према македонската јавност каде се сите проекти кои што ги ветуваа во предизборието, во 2016-та година?
Каде е гарантниот фонд? Нели ќе се тепаа откупувачите за повисоки откупни цени и сигурен пласман?
Да одговори премиерот Зоран Заев заедно со неговиот министер, зошто мерката „Млад земјоделец“ доцни веќе една година? Мерка која што треба да ги задржи младите луѓе во Република Македонија. Да одговори зошто се доцни со ИПАРД програмата и реализацијата на повиците? Да одговори зошто субвенциите се стопирани? Да одговори зошто на производителите на јаболка не им се исплаќа дополнителните 5 денари ветена субвенција? Да одговори почитуваниот премиер Зоран Заев зошто на оризарите, на сливарите од Радовишко и Малешевијата доцни исплатата на дополнителната субвенција? Да одговори премиерот Зоран Заев зашто го донесоа во колапс македонското земјоделство?
Почитуван Заев, ако сте толку сигурни во вашите успешни т.н. проекти ајде да излеземе на избори и македонскиот земјоделец, македонските граѓани нека ја кажат правата слика.
Македонскиот земјоделец и македонските граѓани нека оценат дали вашите проекти се успешни или не. Охрабрете се и конечно да излеземе и да се соочиме со македонскиот народ.
Ви благодарам на вниманието.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година
-

Во угостителски објект во Скопје на подрачјето на Центар се точел алкохол на малолетници, приведено едно лице
-

10 возачи управувале возила без возачка дозвола, ќе им бидат поднесени кривични пријави
-

Зеленски ја потпиша одлуката за нови санкции против рускиот воено-индустриски комплекс
-

Мицкоски: Направивме храбар, историски чекор, очекувам администрацијата да ги подобри услугите кон граѓаните и бизнисот
-

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец
-

Соопштение на МВР на Србија по киднапирањето на македонскиот пејач Даниел Кајмаковски
-

Ја граделе сo „пурпена“ која чинела 5 евра, наместо со панели кои не горат 40 минути и чинат 17 евра: Екс обвинителката Кадриу, за пожарот во модуларната во Тетово
