ВМРО-ДПМНЕ: Заради Заев земјоделците плаќаат 10 денари поскапа нафта цели 4 години
Со СДСМ 4 та година нема навремена исплата на субвенциите. Земјоделците се оставени без пари, а со огромни трошоци и давачки.
Владата нема завршено една мерка. Проектите и мерките од Програмата за рурален развој не се завршени.
СДСМ нема политика со која не им штети на земјоделците, таков е примерот и со покачувањето на цената на горивата, првенствено заради даноците и акцизите наметнати лично од Заев.
Само за време на Заев и само заради негова одлука земјоделците плаќаат 10 денари поскапа нафта, а со новите измени и новиот данок ќе биде над 14 денари.
А за тоа колку е континуирана поддршката на СДСМ за земјоделците гледаме дека се самороганизираат земјоделците од сите делови на државата за да протестираат во сред лето.
Време е за почит кон земјоделецот. Време е за Македонија на сите луѓе!
Ново на Сител
-
Во судницата во затворот Идризово стартува судењето за „Адитив“
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата гувернер на НБРМ
-
Владата ги објави деталите од оперативниот план за вработување тежок 40 милиони евра
-
Земјоделците се повеќе се заинтересирани за добивање на државно земјоделско земјиште под концесија
-
Преглед на вестите од светот
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија