Македонија
29. May 2025 - 12:30

Земјоделците се повеќе се заинтересирани за добивање на државно земјоделско земјиште под концесија

Земјоделците во прилепскиот регион како и општините Долнени и Кривогаштани се повеќе се заинтересирани за добивање на државно земјоделско земјиште. Денеска беа потпишани 192 договори со повришина од околу 500 хектари. Ердован Исламоски во моментов обработува 150 хекатри земјиште, а сега конкутирал за нови 8. Вели дека во моментов е исплатливо земјоделието, особено тутунопроизводството. На ова мислење се и другите земјоделци кои денеска добија договори.

„Најмногу сега ќе се прошируваме во тутунопроизводството, тоа е најисплатливо. Имаме и 70 хектари под пченица, 600 декари сончоглед, па 50 декари тутутн, годинава планираме да го зголемиме туунот на 70 декари“, истакна Ердован Исламоски, земјоделец од село Канатларци.

„Моментално имаме 20 хектари земјиште, тоа ни е малку и бараме повеќе. Најисплатливо во моментов е тутунопроизводството, житото не толку“, додаде Ајканар Алиоски, земјоделец од село Канатларци. 

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски истакна дека заедно со ланските повици и годинешните до овој месец биле распределени близу 6.000 хектари државно земјиште и склучени 2.100 договори. Тоа покажувало дека има интерес кај земјоделците во моментов за ширење на производството.

„Изминативе месеци спроведовме контроли кај големи корисници каде најдовме злоупотреби, раскинати се договорите, земјиштето е ослободено и веќе во наредниот период ќе можеме и тоа да го ставиме во функција. На последниот јавен повик имаше и посебен повик за легализација на веќе постоечки подигнати долгогодишни насади. Тука пристигна преку 300 апликациик, одобрени се 160 и се работи за некаде 400 хектари земјиште кое исто така е легализирано“, изјави Цветан Трипуновски, министер за земјоделство. 

Инаку прилепскиот регион е на прво место по издадено државно земјоделско земјиште под концесија.