ВМРО-ДПМНЕ: Заев организира попис во ек на пандемија и се спрема да го направи најголемиот корона кластер
Власта воведува полициски час и ограничува движење а за само 20тина дена ќе пушти илјадници попишувачи да одат по домовите на граѓаните.
Зоран Заев не го интересира ниту здравјето, ниту животот на луѓето. Заев го интересира само политичка корист, а во овој смисол остварување на политичкиот договор.
Организирање на попис во услови на разгорена пандемија ќе резултира со илјадници нови заразени и стотина мртви.
Заев пушта невакцинирани попишувачи и со тоа се заканува да го направи најголемиот корона кластер до сега.
Попис во сред пандемија е сигурен начин како цела држава да заболи од корона.
Несовесно и срамно е што Заев продолжува со намерите за организирање на попис, не само покрај аргументите на стручната јавност и граѓаните, туку и по откажувањата на пописите во Бугарија, Србија, Хрватска, Ирска, Германија и други држави.
Сите овие држави имаат вакцинирано голем дел од населението, но сепак не сакаат никого да ставаат во животно загрозувачка состојба.
Зоран Заев и Венко Филипче ќе одговараат за штетите кои што ги нанесуваат врз јавното здравје и животот на граѓаните.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Премиерот во посета на РЕК Битола по повод Денот на рударите
-
Мицкоски: За една година го зголемивме двојно реалниот пораст на платите
-
Отворена е нова канцеларија за е-услуги во Свети Николе
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори