ВМРО-ДПМНЕ: Заев, наместо да шири лажна еуфорија, да му се извини на македонскиот народ

Зоран Заев повторно ја лаже јавноста. Република Македонија не доби ништо повеќе од тоа што веќе го има добиено во 2008 година. Условите за членство во НАТО Република Македонија ги исполни уште во 2008 година, кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. Заради Заев, сега дополнителниот услов не е решавање на проблемот кој што Грција го имаше со нашето име, туку откажување од името Република Македонија и бришење ма македонската историја, традиција и култура.
Власта нема добиено ништо повеќе, но затоа има дадено многу повеќе. Зоран Заев ја понижи државата и потпиша промена на името на државата, ги прифати грчките црвени линии за промена на Уставот, идентитетот и јазикот.
Зоран Заев е човек кој со манипулации мисли дека ќе ја излаже јавноста за капитулацијата која ја има направено. Граѓаните не можат да бидат излажани. Граѓаните знаат дека Зоран Заев е човекот кој ја потпиша капитулацијата на државата.
НАТО членството е приоритет и на ВМРО-ДПМНЕ, но базирано на достоинство и чест, а не на понижување и капитулација.
Зоран Заев и СДСМ наместо да шират лажна еуфорија, треба да му се извинат на македонскиот народ.
Република Македонија заслужува подобро, со СДСМ на власт тоа не е возможно.
Ново на Сител
-

Опозицијата ѝ понуди помош на Владата по корупцискиот скандал во Платежната агенција
-

Судењето за пожарот во Кочани почнува во среда, надлежните ветуваат ефикасност
-

Ѓорѓиевски: Затвореници на платен список во Комунална, истрагата да се прошири и во Град Скопје
-

ДКСК ги отфрли сите изборни предмети
-

Токсиколозите со предупредување - во сезоната на печурки внимавајте какви плодови собирате!
-

Се бара решение за 550 вработени во „Лукоил Македонија“
-

Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“
-

Преглед на вестите од светот
