ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Шекеринска ќе бидат поразени на 12 април
Зоран Заев е најголемиот измамник и лажливец во историјата на независна Македонија.
Зоран Заев е срам за секој честит граѓанин.
Зоран Заев го потценува народот и неговата интелигенција.
Зоран Заев може да вети милион нови работни места, но никој не му верува.
Зоран Заев може да вети 1000 километри нов автопат, но никој не му верува.
Зоран Заев може да вети минимална плата од 1000 евра или право и правда за секого, но никој не му верува.
Зоран Заев се колнеше во “жицата македонска” и во “татковци и дедовци” дека “не се родил маж кој ќе го смени Уставот и уставното име”, па граѓаните видоа само пазар со највисоките национални интереси. Зоран Заев ветуваше правна држава, а се забетонира Луј Витон судство, политички рекет и “трас-трас” пресуди.
Зоран Заев и Радмила Шекеринска се главен синоним кога станува збор за криминал и корупција во Република Македонија.
Тие се синоним и за историските порази на СДСМ.
СДСМ добро знаат дека ќе ги изгубат изборите на 12 Април. Заев е свесен за тоа и затоа бега од соочување со лидерот Мицкоски.
Не само што бега од ТВ дуел, Заев бега и да одговори на прашањето кое ги интересира граѓаните, а тоа е дали сега кога ќе изгуби на изборите ќе си даде оставка и ќе си замине конечно од политичката сцена?
За поразот на СДСМ заслужна ќе биде и Радмила Шекеринска која исто така мора да си поднесе оставка и да ги ослободи граѓаните и партијата од заложништво. Кредибилна опозиција по 12 април ќе биде важен коректив за власта предводена од ВМРО ДПМНЕ.
Но, за ова нема одговор ниту од Заев, ниту од Шекеринска.
Ова само покажува дека СДСМ не се менува и настапува со стари и компромитирани кадри.
Заев и Шекеринска се последните остатоци од криминалната транзиција кои ќе бидат поразени по парламентарните избори на 12 април.
Гласот за Заев е глас за криминалот и затоа Заев кога ќе биде поразен мора да си замине од политиката.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот
-
Пазарен ќе проверува како се растат цените по маркетите – Мицкоски најавува жестока акција
-
Седница на Советот на Град Скопје
-
Ги забавуваа скопјани за Нова Година, ама цела година ги чекаат парите од Град Скопје
-
Нова спортска сала
-
Aмбасадорите на Пендаровски Владата ќе ги враќа со толкување
-
Армијата ќе се засилува со вработување на 300 професионални војници
-
Мицкоски: Срамно е однесувањето на големите трговци, ДПИ во засилени контроли на цените пред празниците