ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Николовски не може да се борат против корупција, тие се извор на корупција
Заев и Николовски не може да се борат против корупцијата, зошто тие се извор на корупција. Нема крими афера во која не се спомнува Заев или некој негов близок соработник.
Заев и Николовски се премиер и министер во најкорумпираната влада во Европа според Транспаренси интернешенал и хибриден режим според Економист. Тие се причината за тонењето на Македонија.
СДСМ ветуваше правда, а завршија со реформи како набавка на компјутери и веб страници.
Наместо суштинска борба се се сведе на празни прескоференции.
Владата не кажа до каде е случајот со случајот Рекет и торбата со пари, која според Бојан Јовановски, кој ја носеше, кажа дека завршила кај Зоран и Вице Заеви.
Нема постапка ниту за Ден Дончев кој видовме како става туциња пари во торба и рекетира фирми. Заев мисли дека со неговата оставка го спасил и него и себе, а заборава дека еден ден и двајцата ќе одговараат.
Нема предмет ниту за криминалот од половина милијарда евра, кој се случи со пропаѓањето на Еуростандард банката и давањето на маркица за ШИК ЈЕЛАК.
Заев го тргна од клучна позиција Рашковски и мисли дека го спасил и него и себе. Одговорност ќе има. И за Леонардо и за Сар Хемс.
Ќе има истраги и разрешници и за струмичките камиони во РЕК, и за милионските набавки во здравството, и местените тендери како коруптографијата на Филипче кој потпишува одлука за набавка повисока за 15 милиони од првично понуденото.
Против целата оваа корупција не може да се бори нејзиниот творец - Заев и Љупчо Николовски, чија фирма зема незаконски кеш.
Одговорност ќе има и за сите горенаведенј афери и криминали и за Заев и Николовски.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати
-

Меси има силна желба да игра на Светското првенство 2026
-

Меѓународните набљудувачи ќе презентираат наоди за вториот круг од Локалните избори 2025
-

Трамп: Можна е воена акција во Нигерија ако не запре убиството на христијани
-

Мирно е утрово пред Собранието на Србија по синоќешните инциденти, полицијата ноќеска привела 37 луѓе
-

Без струја дел од корисниците во Аеродром, Гази Баба, Сопиште, Кисела Вода и Карпош
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд во попладневните часови
-

Мицкоски: Ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина
