ВМРО-ДПМНЕ: Заедно со локалните и парламентарни избори
ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение го повторува ставот во октомври заедно со локални да се одржат и предвремени парламентарни избори.
- СДС мора да се соочи со граѓаните и да види што мисли народот за нивната деструктивна политика. Доколку постои барем малку храброст, чесност и одговорност кон сопствениот народ, СДС ќе се согласи во октомври заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори на ист трошок. Криминалецот Заев така ќе слушне од прва рака што мисли народот за неговата антидржавна политика, стои во соопштението.
Народот, како што се наведува во соопштението, не сака туѓи платформи и виткање на сопствената кичма за туѓи цели и интереси.
- Народот се чувствува постизборно измамен со тиранската платформа и затоа на анкетата на ИРИ мнозинството смета дека треба да има нови избори. Анкетата на ИРИ покажа дека народот му го врти грбот на Заев и не сака криминалец да ја води државата. Скоро двојно поголема е поддршката која ВМРО-ДПМНЕ ја има во однос на поддршката на СДС, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Порано или подоцна, според нив, Заев ќе се соочи со судот на народот и предупредува СДС да не помисли да бега од локалните избори како што претходно два пати бегаше од одржувањето на минатогодишните парламентарни избори.
- Одложувањето на локалните избори ќе значи продлабочување на политичката и правна криза во која СДС ја втурна државата уште пред две и пол години, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ и посочуваат дека овие избори треба да се одржат во најбрз можен рок, а заедно со нив и парламентарни избори.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите