ВМРО-ДПМНЕ: За косата на Шекеринска 4 години затвор, а за украдени 1 милион евра две и пол години
Измените на Казнениот законик најдобро се гледаат во денешната пресуда на Мухамед Зекири. Казната во старите одредби на законикот изнесуваше најмалку 5 години затвор (а најмногу 20), а со новите законски измени, затвор до 5 години.
За косата на Радмила Шекеринска човек е казнет 4 години затвор, а за украдени 1 милион евра Зекири е осуден на две и пол години затвор. Ова се придобивките од шверцерските измени кои беа направени пред еден месец.
СДС фразата „Нема правда нема мир“ ја претвори во мртво слово на хартија. Селективната правда е неправда, за едни правосудниот систем е мајка и дава благи казни, а за други е маќеа и драконски ги казнува. Во конкретниот случај, правосудните органи не се ни потрудија да ја прошират истрагата и да откријат кој се стои зад овој скандал со злоупотреба на народните пари. Самиот Зекири кажува дека целата постапка ја водел според тоа како му кажале во влада, особено според насоките на Фатмир Битиќи, кој бил одговорен за процесот и кој ги давал насоките за физибилити студијата за приватизација на македонски пошти
Впрочем токму во тоа треба да се бара олеснителната казна за Зекири.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Приведен 18-годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
Ѓоковиќ и Мареј ставија крај на соработката
-
Пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво | ФОТО
-
Васил Јованов осуден на 12 години
-
Турција ќе отвори нова фабрика за чипови и соларни ќелии
-
Гејминг индустријата во Србија лани со приходи од 214 милиони евра
-
Забрана за 15.000 аргентински навивачи за влез на стадионите на Светското клупско првенство
-
Марта Кос: Владата во Србија не исполни ниту една од реформите што ги вети во декември