ВМРО-ДПМНЕ: Време е да се стави крај на лошите политики во образованието
Мила Царовска и СДСМ упропастија цела една генерација на деца кои изминатава година не можеа целосно да ја следат наставата. Сега се на пат да упропастат уште десетина генерации со насилната „дигитализација“.
Царовска се грижи само за сопствениот џеб и затоа турка проект од над 120 милиона евра, кој самата си го нарекува дигитализација, а всушност претставува само дигитални учебници, но не и комплетна дигитализација. За вистинска дигитализација оваа влада нема ниту знаење, а ниту време до почетокот на учебната година.
Под наводната дигитализација всушност се крие желбата за менување на содржините на учебниците, што СДСМ си зема како обврска од Комисијата со Бугарија.
Царовска буквално спроведува агенда на Заев, наместо да работи во корист и за децата. Токму затоа како со глава во ѕид спротивно на волјата на учениците сакаше да спроведе матура во пандемиска година, сака да ги менува учебниците и истите и да ги укине.
Кога Царовска зборува, Заев мисли, а зад тоа се крие укинување на учебниците.
Време е да се стави крај на лошите политики во образованието. Време е за Македонија за сите луѓе!
Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Царината наплати над 190 милиони евра во април – речиси 13 милиони повеќе од лани
-
АХВ казни 14 месарници – Уништени над 300 килограми небезбедна храна
-
Мапирање на диви депонии со помош на вештачка интелигенција - пилот проект во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава