ВМРО-ДПМНЕ: Во режија на Ковачевски и Груби 4 експерти од надзорот за 1 месец наплатиле 900.000 евра
Корупција видлива од авион, во режија на Ковачевски и Груби 4 експерти од надзорот за 1 месец наплатиле 900.000 евра.
4 експерти на Конзорциумот воден од ИРД наплатиле 900.000 евра за 1 месец преговарање со изведувачот. Останатите 300.000 евра ќе ги наплатат до крајот на изведбата.
Со договорот кој го застапуваа Ковачевски и Груби секој од овие 4 преговарачи поединечно наплатил 225.000 евра за 1 месец работа.
Владата мора да одговори зошто во тендерот за надзор го вклопила и тендерот за правен трансакциски советник, но и зошто воопшто им се бара правен трансакциски советник, кој би го подготвувал договорот, кога владата има служби и институции кои можеле тоа да го направат?
Која е оправданоста 4 лица за еден месец работа да земат 225.000 евра поединечно?
И медиумите и граѓаните и сите општествени чинители гледаат коруптивност во џдоговорот со надзорот, само ЈО и ДКСК со денови молчат.
ЈО не треба да чека, туку веднаш да отвори постапка. Зошто непостапувањето е еднакво на соучесништво, а еден ден ќе треба да одговорат зошто не постапиле, но и да одговараат за тоа.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини