ВМРО-ДПМНЕ: Власта увезува струја по 350 евра од мегават, а можеше да произведува 6 пати поевтино
Поради погубните политики на власта на СДСМ и ДУИ во енергетиката денес Македонија е пред енергетски колапс. ЕЛЕМ сегашен ЕСМ е претворен во загубар кој не може да ги произведе ниту елелемнтарните количини струја, а МЕСО освен што е загубар недозволено повлекува струја од европската мрежа, или народски кажано краде.
Ете до тоа дереџе е доведен енергетскиот систем од оваа власт на СДСМ и ДУИ. Нема домашно производство на струја оти акумулациите се празни, а РЕК Битола работи со половина блок. Затоа Македонија увезува струја по цена од 350 евра MWh, а доколку имаше домашно производство цената ќе беше 5-6 пати поевтина. Поради ваквото недомаќинско работење на власта со народни пари 65 милиони евра се покрива нивната неспособност, а башка неминовно е зголемување на цената на струјата што пак ќе удри по џебот на граѓанинот. Да потсетиме дека досега цената на струјата само во време на оваа власт е покачена за над 20%, а допрва после новата година по стандардот на народот ќе удрат и со ново покачување.
Криминалната власт на СДСМ и ДУИ се што фати се исуши. Ги упропастија енергетските капацитети и целиот систем. Нивната неспосбност, неодговорност, криминали и коруптивни тендери граѓаните скапо ќе ги платат. За ова мора да има одговорност!
Ново на Сител
-
Царината наплати над 190 милиони евра во април – речиси 13 милиони повеќе од лани
-
АХВ казни 14 месарници – Уништени над 300 килограми небезбедна храна
-
Мапирање на диви депонии со помош на вештачка интелигенција - пилот проект во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава