ВМРО-ДПМНЕ: Власта прави сe трагедијата со автобуската несреќа да се заташка
Власта прави се трaгедијата со автобусот на Беса Транс во која животите ги изгубија 45 лица, да се заташка. Веќе станува очигледно дека власта се обидува да сокрие и некого да спаси од одговорност.
Оваа трагедија однесе 45 млади животи заради низа на системски пропусти на институции. Најпрво Автобусот кој патувал немал извод за лиценца за меѓународоен транспорт. Автобусот на кобното патување користел туѓи документи и таблички, а патем не бил регистриран во ситемот на Царината. Возачите на автобусот воопшто не биле вработени во компанијата, а автобусот бил репариран и наместо фабричките 49 имал 54 седишта. Сите овие работи говорат дека Царината, МВР, Министерството за транспорт, Државниот инспекторат за транспорт се дебело одговорни за овој немил настан.
Да биде уште пожалосно, институциите после повеќе од две недели се уште немаат направено контрола на компанијата затоа што никој не им отвора, а сопственикот е надвор од државата. Ова не е ни систем, а камо ли правен систем. Затоа власта и институциите играат пинг понг со одговорноста. Затоа прават театри со други теми, за јавноста да заборави и никој да не бара одгoворност од системот.
Но одговорност мора да има. Затоа што трагедиите станаа секојдневие. Не може власта секогаш да наоѓа вина во “продолжни кабли“ за да избега од вината на институциите поради кои народот плаќа со своите животи.
Ново на Сител
-
Украина без струја по руски напади
-
Руте најави дополнителни мерки на НАТО за борба против дроновите
-
Лавров: ЕУ сака да го претвори украинскиот конфликт во војна на Трамп
-
Најмоќниот Македонец во Белград | Тома Фила | Неформално | Sitel Podcast 118
-
Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор
-
Мисајловски: Подготвени сме да ја поддржуваме Украина, но мора да се грижиме и за нашата Армија
-
Албанската полиција на ГП „Блато“ заплени стока прошверцувана од Македонија
-
Таксист полово нападнал патничка - компанијата го отпуштила од работа