ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ и ДУИ спроведоа некомплетен попис
Власта на СДСМ и ДУИ спроведе некомплетен попис. Доказ за тоа е бројката од 7.2% или повеќе од 132.000 резидентни жители за кои што ДЗС покрај сите механизми не успеал да ја дефинира припадноста. Едноставно ДСЗ не сакал, а не дека не можел да утврди етничка припадност. Се работи за резидентни жители, од кои најголем дел се од Аеродром, Ѓорче Петров, Центар, Битола, Велес, Кавадарци, Кочани, Охрид, Прилеп, Струмица, Штип.
Одговорноста за ваквата некомплетност е на ДСЗ и власта на СДСМ и ваквиот попис не смееше да се објавува додека не се дефинираше припадноста на секој резидентен жител. Овде не се работи за 1-2% или промили, туку се работи за неверојатни 7,2% од резидентното население.
И покрај многуте недоследности, пропусти и политизација од страна на властите кои претходеа на пописот и траеја во текот на процесот до објавувањето на некомплетните резултати, пописот покажува поразителни бројки. Повторуваме дека пописните бројки се показател за неуспех бидејќи има силен бран на иселувања, имаме операција спроведена со низа забелешки, и со многу политика и затоа сметаме дека ваквите бројките секој има право во истите да се сомнева.
По промената на власта и формирањето на влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе се спроведен комплетен електронски попис по сите европски стандарди кој ќе биде веродостоен и кој ќе ги нема недостатоците кои што ги имаат овие пописни бројки.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Мицкоски до Вреди: Нема да ја заборавиме жртвата која ја дадовме на овие избори, а за возврат не добивме ништо
-

Мециновиќ најавува конкретни решенија за отпадот во Скопје
-

Лабудовиќ најавува субвенции за годишен сервис на лифтови и хидранти - За безбедни згради и сигурни граѓани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Влатко Грозданов, кандидат за градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ
-

Ден на револуционерната борба
-

Герасимовски со итни мерки од кризниот штаб за справување со ѓубрето во Центар, се мобилизираат и другите општини
-

Состојбата со сметот во Скопје е алармантна за здравјето на сите граѓани предупредуваат лекари
