ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Ковачевски за министрите набавува леб од 80 ден
Лицемерието на Ковачевски кон граѓаните е класичен пример за целокупното негово владеење.
Донесе мерка која ни самите во владата не ја почитуваат, притоа претставувајќи се за спасител, во ситуација кога дозволи се да поскапе во Македонија.
Ковачевски во Влада набавува леб поскап за 30 до 100% повеќе од цената која самиот ја пропишува, односно плаќа 41,4 денари за 450 грама за белиот леб, а за белиот леб со продолжен рок плаќа нешто под 80 ден.
ВМРО-ДПМНЕ уште пред една година апелираше дека ќе дојде до оваа ситуација, но Ковачевски не сакаше да го заштити стандардот на граѓаните со соодветни мерки. Со нашите предложени мерки ќе ги наполнеше и зголемеше стоковите резерви, ќе им помогнеше на производителите и ќе спречеше ценовен шок за граѓаните.
Наместо тоа, Ковачевски реши да ја поскапи струјата и дозволи цените вртоглаво да растат.
Ковачевски ако се грижеше за граѓаните немаше да дозволи инфлација од 20% во Македонија, стандардот на граѓаните да падне, а во исто време се живо да поскапе.
Затоа провидна е глумата и лицемерието на власта. Кога ВМРО ДПМНЕ ќе ја предводи следната Влада, ќе ги направи сите напори да го подигне стандардот на граѓаните, преку одржливи мерки, кои нема да бидат од денес за утре.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Американската компанија „Вабтек“ нова странска инвестиција во земјава
-
Кривични пријави за пет лица за „злоупотреба на службената положба“ и две лица за „несовесно работење во службата“
-
Кога бев најпопуларна бев најтажна | Сузана Гавазова | Sitel Podcast 051
-
Локализиран голем пожар на територија на општина Прилеп
-
Прекин на сообраќајот на автопатот Прилеп – Битола порди сообраќајка
-
Изречени казни од над 350.000 евра за неправилности на плажи во Грција
-
Филков - Гир: Спроведувањето на реформската агенда приоритет на државата
-
Израелската војска ги повика Палестинците да се евакуираат од неколку населби на градот Газа