ВМРО-ДПМНЕ: Владата и Макрадули не се извинија за навредите кон Турција
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека ниту Владата, ниту заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули не се огласиле за, како што се наведува, навредите што тој ги упатил кон Турција и турскиот народ на социјалните мрежи.
- И ова не е прв пат. Речиси една година од обидот за државен удар во Турција, кога дел од турската војска сакаше легално избраната власт да ја сруши се случи тој немил настан во кој згаснаа 290 човечки животи. И повеќе од 1.400 луѓе беа повредени. Која неморалност, која неодговорност да ставиш слика од овој настан и да напишеш дека сакаш ова да се случи и кај нас, изјави Нермин Телоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова, како што нагласи, го правеа луѓето од СДСМ, како Ивор Мицковски, Лидија Димовска и други.
Телоска потенцира дека Турција е пријателска земја, која го почитува нашиот суверенитет и го признава идентитетот на македонскиот народ.
Ново на Сител
-
Економистот со амбиција да биде лидер на СДСМ | Јован Деспотовски | Неформално | Sitel Podcast 049
-
Викдендов сончево и топло, од вторник повторна дестабилизација на времето
-
Прилепчанец три години ги силувал своите две малолетни ќерки
-
Штипјанец ја претепал својата мајка, па и се заканил, а потоа искршил дел од покуќнината
-
Скопјанец претепан од обезбедувањето на казиното во кое се наоѓал
-
Избувна пожар во куќа во Арачиново
-
Поскапува мазутот
-
Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови