ВМРО-ДПМНЕ: Владата ги претвори судиите во политички пиони
Само во Македонија, видни личности, патриоти, кои немаат сторено ниту прекршок се прогласуваат за терористи.
Власта безобразно и на очиглед на сите ги злоупотребува институциите на системот за политичко пресметување со неистомислениците. Судовите не се ни трудат да ја запазат правната постапка. Во решенијата што се доставени до правните застапници на обвинетите воопшто нема образложенија или тие не соодветствуваат со фактичката состојба.
По повеќе од десет дена се уште не се добиени решенијата за притвор за некој од уапсените што јасно укажува на фактот дека ова не е правен процес туку политичка пресметка.
Владата на СДСМ судиите ги претвори во политички пиони кои ги користи за дневно политички потреби, целосно уривајќи го угледот и честа на судовите како институции кои треба да дејствуваат независно од извршната власт.
Самиот факт што вишото јавно обвинителство ги нарекува обвинети оние кои се политички осомничени за настаните од 27 април е доволен доказ дека некој сака да ги издиктира и пресудите, а судот треба молчешкум да ги изрече.
Веќе два месеци Дурловски, Илиевски, Јовановски, Чавков, Дамовски и останатите се држат во притвор само затоа што си ја сакаат својата татковина и гласно се спротиставуваа на плановите на оваа влада за нејзино редефинирање. Нивниот притвор е обид да се замолчи и попречи секое спротиставување на погубните политики на владата на СДСМ.
Република Македонија е единствена држава аспирант за влаз во Европската Унија во која има политички затвореници. Со ова владата на СДС Македонија ја стави во ранг на диктатурите од третиот свет во кои се применуваат вакви методи за пресметка со неистомислениците. Политичките слободи и слободата на говорот се основните права на цивилизираните општества, какво што се стремиме да станеме. Во Македонија владее тотален мрак.
Обвиненијата за тероризам се апсурдни конструкции и измислици со кои се праќа порака на сите кои сакаат да го кренат својот глас за работите во кои веруваат.
Срамна и политичка е одлуката на Апелациониот суд за продолжување на притворите на патриотите Дурловски, Јовановски, Дамовски, Илиевски, Божиновска, Чавков, Мукоски и останатите кои застанаа на браникот на татковината.
Законите мора да важат подеднакво за сите, а не да се применува селективна правда. Блискоста со власта на пратеникот Павле Богоевски му донесе експресно повлекување на обвинувањата за штетите кои очигледно ги предизвика за време на таканаречената шарена револуција, додека другите обвинети за истите случувања и понатаму ќе мора да одговараат за истите обвинувања.
Политичкиот реваншизам и малтретирање на луѓе кои размислуваат поинаку од СДСМ мора да запре. Бруталното замолкнување и заплашување на сите кои не се согласуваат со деструктивните политики на власт на СДСМ ќе го зголеми револтот на граѓаните кои бараат правда.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Енормно зголемена потрошувачката на вода во Скопје
-
Ротацијата на Земјата се забрзува: Денот денеска покус за 0,00134 секунди
-
МФ ја исплати Првата граѓанска обврзница и каматата од 5 отсто за втората година
-
Бидете внимателни при онлајн купувањата и запознајте се со ризиците во дигиталниот простор, апелира Јанкоски од Народна банка
-
Српската Влада префрли 1,8 милиони евра за субвенции за мајки кои сакаат да купат стан по раѓањето дете
-
ЦУК: Активни шест пожари, под контрола пет
-
Науката потврди: Многумина кои прекинуваат со лекови за слабеење, повторно накачуваат тежина
-
Пентагон повлекува 700 маринци распоредени во Лос Анџелес поради протестите