ВМРО-ДПМНЕ: Стопанството е доведено пред колапс, реалноста е катастрофална
Економијата во Македонија тоне. Погрешните економски политики, корумпираноста, расипништвото и неспособноста на Заев трета година по ред ја влечат надолу. Добрата вест е што Заев не е повеќе власт, а од 12 април и остатоците на неговите погубни политики ќе доживеат тежок пораз и Македонија ќе тргне напред.
2019 година ја завршивме со 70 милиони евра помалку даночни приходи од планираните согласно извештајот на УЈП за изминатата година. По основ на прибирање на данок на добивка, прибрани се 24,49% помалку средства од планираните, а по основ на данокот на личен доход прибрани се речиси 2% помалку од планираното и покрај зголемената даночна стапка која важеше до октомври 2019 година. Кај данокот на додадена вредност прибрани се помалку средства во износ од 70 милиони евра.
Дополнително растот на БДП во услови кога нема светска и економска криза е помал од просечниот раст на БДП во ЕУ, а нивото на странски инвестиции заклучно со третиот квартал е само 113 милиони евра што е два и пол пати помалку од лани и еден од најниските во Европа и Балканот.
Годината ја завршивме и со намалено индустриско производство и за 1,5% помалку вработени во индустријата.
Сето ова е резултат на погубната економска политика која Заев ја спроведуваше изминатите три години. Се намали економската активност, а со тоа се намалија и даночните приливи.
Стопанството е доведено пред колапс. Реалноста е катастрофална.
Падот на економијата може да се спречи само на 12 април, кога ќе отпочне обновата на Македонија и економскиот напредок.
Ново на Сител
-
Претседателот на Собранието ги распиша локалните избори на 19 октомври
-
18-годишник со мопед удрил во паркирано возило, тешко повредена неговата малолетна сопатничка
-
НАТО го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Сирија одбива да учествува на состаноците со курдските сили во Париз
-
Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија
-
Кабел со кој се крадела електрична енергија предизвикал пожар на куќа и бандера во Чаир
-
Пожар во автобус на ЈСП - во него немало патници
-
Исчезна 16-годишно девојче во Струмица