Северна Кореја тестираше нови ракети
Северна Кореја вчера истрела два нови противвоздушни проектили за уништување на различни воздушни цели, меѓу кои дронови и крстосувачки ракети. Тестирањето на новото оружје го надгледуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Како што јави Корејската централна новинска агенција (КЦНА) новото оружје има „супериорна борбена способност“ и користи „единствена технологија“.
Тестирањето на ново оружје се одвива во време на зголемени тензии со Јужна Кореја. Официјален Сеул вчера соопшти дека на 19 август јужнокорејски војници отвориле предупредувачки оган кон припадници на севернокорејската армија, кои накратко навлегле во Демилитаризираната зона.
Исто така во регионот се одржува заедничка воена вежба помеѓу Јужна Кореја и САД, а за утре е предвидена средба на американскиот претседател Доналд Трамп со новоизбраниот јужнокорејски претседател Ли Џае-мунг.
МИА
Ново на Сител
-
Северна Кореја тестираше нови ракети
-
На граничните премини се чека до 15 минути за влез и излез од државава
-
Палестински очевидци тврдат дека израелски војници се забележани во градот Газа
-
Украински дрон предизвика пожар во руската нуклеарна електрана Курск
-
Зеленски: За неколку дена ќе бидат подготвени безбедносните гаранции за Украина
-
Сончево со мала до умерена локална облачност
-
Тошковски: 24 години ЕБР- врвна професионална единица која секогаш и секаде ја чува Македонија
-
Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“