ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски не застана во одбрана на полицајците кои што беа насилно избркани од пункт
Неспособноста на Оливер Спасовски е безбедносен проблем во државата. Криминалот цвета, бандити хараат по улиците, а во последниот случај со Арачиново тие веќе беснеат и во самите полициски пунктови.
Имено пред три дена вооружени лица блиски до власта, влегле со закани во полициско одделение во Арачиново, а четворица полицајци добиле наредба од претпоставен да се повлечат од полициски пункт, и од Арачиново да се повлечат во Гази Баба, само затоа што е направена контрола, сопреле возило, без валидни документи.
Ваков случај веројатно е единствен во Европа. Да биде потрагично Спасовски овој случај го релативизира со цел да го прикрие. Речиси по правило кога ќе излезе некој скандал во полицијата се вади на манипулации и шпекулации.Јавноста е сведок на повторување на епизодата со „пајакот“ .Впрочем Спасовски и тогаш и сега не застана во одбрана на полициските службеници директно заштитувајќи противзаконско и насилничко однесување.
Ваквата дрскост на бандитите е резултат на заштитата која ја имаат во врвот на МВР. Затоа Спасовски молчи за овој скандал исто како што го забошотува и случајот со самоволието на децата на полициските функционери, исто како што молчи и за државјанството на Онишченко, исто како што го забошотуваше скандалот со 215 оригинални пасоши за белосветски мафијаши.
Спасовски требаше да си поднесе оставка уште вчера после сите скандали и афери за кои е директно одговорен. Тој премолчува и заштитува кршење на законите и тоа го прави директна закана по редот и мирот во Македонија.
Ново на Сител
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник
-
За девет часа над 50 земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос-најсилниот пет степени
-
Мицкоски: Интервенции во минималната кошница и пресметка со објективни параметри