ВМРО-ДПМНЕ: Со нелегалниот избор на Џафери СДСМ ги погази државните и национални интереси
ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека СДСМ нелегално го избрала Талат Џафери на позицијата претседател на Собранието и оти со тоа покажала дека е подготвена да ги погази и волјата на народот и Уставот и националните и државните интереси.
- Најдобар доказ за флагрантно кршење на процедурите и нормите од страна на СДС е срамниот обид на диво да се избере претседател на Собранието. На оваа незаконска одлука како потписник стои Горан Мисовски со функција заменик претседавач на Конститутивната седница на Собранието на Македонија. Ова е класичен фалсификат и прекршување на законот, истакна на денешната прес-конференција Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој потенцира дека согласно стенографските белешки од 30 декември кога почнала конститутивната седница, пратениците Стојан Миланов од СПМ и Јусуф Хасани од ДПТМ се назначени за заменици претседавачи и оти оттука Мисовски немал апсолутно никаква функција да претседава со срамниот собир на кој беше направен обид за избор на Талат Џафери, а, како што рече, уште помалку да се потпишува на нелегитимна одлука.
- СДС и неговите партнери во низа извршија неколку кршења на Деловникот и нормите. Најпрво прекршување се случи со самото тоа што пратениците од СДС и нивните партнери продолжија со работа по затворање на седницата во 18 часот, од страна на единствениот легитимен претседавач, Трајко Велјановски. Потоа следеше ново прекршување со нелегитимниот избор на Мухиќ, а потоа и Горан Мисовски за претседавачи, спротивно на нормите и процедурите, истакна Илиоски.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека СДСМ го оневозможиле највисокото демократско парламентарно право, правото на дискусија на пратениците, го прескокнале формирањето на Комисија за избори и именување со што спречиле таа да предложи и други кандидати за претседател на Собранието.
- СДС го погази и правото на пратениците да соберат потписи и да предложат и други кандидати за претседател на Собранието. На крај, без никакво пребројување на гласовите и на присутните, без никаков стенограм и ангажман на стручните служби, СДС нелегално се обиде да си избере претседател на Собранието. Ова дело извршено од Мисовски, е дел од сценариото на СДС да изврши државен удар, да ги погази процедурите, законите, Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија, истакна тој.
Додаде дека, како што рече, овој криминал Мисовски и СДСМ го направиле со цел да отпочнат што побрзо да ја реализираат Тиранската Платформа. Криминалите кои СДСМ ги направила, истакна Илиоски, не застаруваат и нема ништо да ги спаси од одговорност.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник
-
Македонците масовно патуваат за 1 мај - најмасовна Богородица
-
Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши до средината на јуни
-
ДУИ и ВРЕДИ со реакции по одлуката на Уставен за Медресата во Кондово