ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува со сеење на лаги и манипулации
СДС продолжува со сеење на лаги и манипулации и затоа ќе изгуби на локалните избори.
ВМРО-ДПМНЕ нуди програма со мерки и проекти кои што се реални и произлегуваат од потребите на граѓаните.
Нашите проекти се произлезени од граѓаните како нивна иницијатива и реална потреба.
ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години докажа дека се што вети реализира,токму заради тоа граѓаните имаат цврсти гаранции дека програмите и проектите кои кандидатите за градоначалници ги ветуваат ќе бидат со сигурност исполнети и реализирани и граѓаните ќе добијат поурбани и поубави места за живеење.
Програмите на кандидатите на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ги отсликуваат реалните потреби на граѓаните, преточени во суштински проекти кои излегоа како идеја од посетите кои ВМРО-ДПМНЕ ги имаше во секое едно населено место низ државата.
Владата на СДС во изминатите 120 дена покажа и стана репер како не треба да се работи.
Поради немоќ и неспособност да реализираат ниту еден нивен проект,единствено нешто по што СДС стана позната е блокирање и стопирање на проектите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги реализираше и започна да ги гради, додека беше на власт.
Поради недомаќинското и расипничко работење, СДС во изминатите три и пол месеци ја доведе државата пред банкророт,а економијата ја турна на колена.
15-ти Октомври ќе биде денот кога граѓаните ќе ја почнат конечната демонтажа на овој аздисан и расипнички режим. СДС поради лошите политики,ќе доживее уведлив пораз на локалните избори.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис