Loading Video...
Македонија
24. January 2025 - 16:39

Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси

Историски средби и посети со првите луѓе на претседател Трамп во интерес и одбрана на македонските интереси, а Македонија стана видлива за новата американска администрација и за геостратешпки, но и за економски теми. Вака премиерот Мицкоски ја оцени својата посета во Вашингтон на инаугурацијата на новиот американски претседател – ден по враќањето од САД. Мицкоски најавува и нова средба со американскиот државен врв во наредните месеци, како што рече на врвно ниво.

-Видете имавме средби кои се визибилни, објавени вио јанвоста., но имавме и средби со личности кои во периодот што следи ќе имаат исклучително високи улоги во периметарот на претседателот Трамп, во неговата администрација. Морам  да кажам дека секој оној кој се бори и ќе се избори за внимание да влезе во оптиката на администраицјата на Трамп ќе влезе во таа оптика. Ние сакаме да се избориме и затоа бевме таму, први да отидиме, се претставиме кои сме што сме, кои се нашите цели, и кои се нашите предности и залагања, предизвици бидејки втора шанса за прв впечаток нема. Направвиме историски средби и посета и мислам, сигурен сум дека држава Македонија влезе во оптиката на луѓето кои имааат најгласен звук во периметарот на претседателот Трамп. Убеден сум на дека Македонија по оваа средба е дел оптиката админисграцијата на претседателот Трамп и на политички, геопостратешки и економски план. Во иднина на средба на врвно ниво.

Мицкоски вели дека сите средби надвор се користат за затворање на македонското прашање, но не гледа зошто грчката страна тоа го коментира каки иредентизам. При тоа, Мицкоски не исклучува да иницира средба со новиот бугарски премиер Жељазков за одблокирање на европската интеграција со помош на стратешките партнери ЕУ и САД.

-Гледате дека во 21 век се уште е предизвикан македонскиот идентитет. Би било неодговорно, несериозно и издајничкио од мене ако кажам дека за емене македонскот прашање е затворено. Не е затворено и ќе се борам додека ја вршам оваа улога – претседател на мкд влада бидејќи грашаните тоа го очекуваат. Знам дека во минатотот имало луѓе што ја предводеле македонската влада, а македонското прашање не им било ни во првите 10 приоритети, но ќе ве молам да се навикнате на Влада на која македоснкотот прашање е прв приоритет....Тој е новизбран колега нашите ставиви и позиции ги знаете, не променети, дали може да имаме заеднички јазик и со помош на стратешките партнери од ЕУ и САД да го фасилитираме овој процес...Со билатерални прашања не може да се бранат европските вредности. Ние ги браниме европските вредности, наспроти оние кои ја користата својата позициоја во европската унија. Немам јас против каде било, со кого било и колку што е потребно да се сретнам и да разговараме да го одблокираме процес.

Премиерот ги демантираше обвинувањата  и критиките за посетата на САД за наводно престојување во скапи хотели и лични прошетки. Обвени дека тоа е само дефукус што опозцијата го прави од важни теми.