ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лицемерно зборува за администрација, а целосно ја партизираше изминатите три години
СДСМ во изминатите 3 години целосно ја партизираше јавната администрација. Јавноста не заборави како мајката на портпарол на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Костадин Костадинов, беше вработена во Централниот регистар во Струмица. Фризерката на генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски беше вработена во државната компанија МЕПСО.
Со оваа прес конференција министерот Дамјан Манчевски и СДСМ признаа дека 3 години толерирале неработење на администрацијата. СДСМ имаше 3 години да ја среди администрацијата и ако имале забелешки во било кој сектор за истиот да најдат решение.
СДСМ пред избори индиректно се закани на административните работници дека може да се најдат на нивните листи за отпуштање ако не бидат послушни во наредниот период.
Со најавата за намалување на администрацијата за 20 проценти СДСМ спрема нов бран отпуштања и зголемување на невработеноста. СДСМ се заканува на вработените во администрацијата, кои имаат фамилии за хранење дека ќе останат без работа ако победат на избори.
Наместо за инвестиции во инфраструктурата, образованието или здравство парите од буџетот СДСМ ги трошеше на дебелите хонорари на луѓето блиски на врвот на СДСМ.
Народот ја виде неспособноста на СДСМ да реализира било какви проекти, а сега ја гледа и нехуманата страна на СДСМ кој без око да им трепне најавуваат отпуштање на 20 проценти од административците.
СДСМ не се менува и настапува со стари и компромитирани кадри.
Заев и Шекеринска се последните остатоци од криминалната транзиција кои ќе бидат поразени.
Гласот за Заев е глас за криминалот и затоа Заев кога ќе биде поразен мора да си замине од политиката.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Пратениците го одобрија унгарскиот заем од половина милијарда евра
-
Наим Рамука сменет од началничкото место поради пропуштањето на возилата на Гаши на „Блаце“
-
„Балансерот" за вработување пред Уставен суд
-
Бугарското МНР во одбрана на амбасадорот Радуков
-
Откажана утрешната средба на историската комисија со Бугарија
-
Различни мислења за есенската кошница: Замрзнување на цените или зголемување на производството?
-
Митева: Наместо пренос на електрична енергија, МЕПСО спонзорирал спортски клубови
-
Студентите реагираат на зголемените трошоци, тече вториот уписен рок на државните универзитети