Македонија
19. December 2024 - 12:17

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ да го повикаат Груби да се врати

Заложбите за европски вредности на СДС и ДУИ паднаа во вода, наместо да молчат, СДС и ДУИ да го осудат кукавичкото бегство на Груби и да го повикаат да се соочи со правдата, побараа од ВМРО-ДПМНЕ утрово.

На површина излегуваат сите криминали, скандали и коруптивни дејствија на функционери и луѓе блиски до врхушките на СДС и ДУИ, а СДС и ДУИ молчат.

Срамно е тоа што се уште СДС и ДУИ не го осудиле бегството на Груби и не го повикале да се врати. СДС и ДУИ да кажат дали го поддржуваат бегството на Груби.

Али Ахмети наместо да го осуди бегството на Груби и јавно да се огради од постапките на Груби и тој замина во посета на Косово.

Толку од европските вредности и агенди на СДС и ДУИ.- се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ