ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е виновна за даночната евазија
Зоран Заев е најголемиот измамник во историјата на македонската политика. Зоран Заев три години ја упропастува и ограбува државата. Цели три години ги помина со лаги дека блескаме и дека економијата оди напред, а сега гледаме како неговата министерка признава дека сме пред колапс. Сега гледаме дека Заев преку министерката Ангеловска ја признава измамата со воведување на прогресивен данок.
Потребно е целосно укинување на прогресивниот данок и враќање на рамниот данок, а не негово времено запирање.
Граѓаните и бизнисите трпат штети поради аматеризмот на власта. Трпи и државата која има 50% помала наплата на данок на добивка како што призна денеска Нина Ангеловска.
Зоран Заев денеска ја пушти Нина Ангеловска место него да признае дека воведувањето на прогресивниот данок е целосно промашување. Власта денеска призна дека доживеа економски дебакл.
Заев со своите лоши политики предизвика селење на фирми и капитал од Македонија во земјите во соседството. Граѓаните никогаш нема да дознаат колку фирми заминале од државата, а колку одлучиле воопшто и да не инвестираат поради лошата даночна политика.
Зоран Заев и СДСМ се директно виновни и за даночната евазија за која што предупредивме дека ќе се случи уште при воведувањето на прогресивниот данок.
Заев и СДСМ се директно виновни и за сите млади кои се иселија од државата како резултата на прогресивниот данок, особено младите во делот на ИТ индустријата.
Аматеризмот при водењето на државата која денес ја демонстрираше СДСМ е доказ дека треба што побрзо да си заминат.
Ново на Сител
-
Се тестираат кандидати – се готват коалиции за локалните избори
-
Само 15 инспектори во војна за здрава животна средина
-
Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во проширувањето на ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Ден на борбата со ракот
-
Зголемен број претставки кај народниот правобранител во Струмица
-
Преглед на вестите од светот