ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е потоната во криминал, 1 милион евра рекет завршија кај Заеви
СДСМ е потоната во криминал, рекет, корупција и неправда. 4 години народ страда. 4 години бизнисот се рекетира. 4 години пракса за да се добие нешто е да се плати мито. 4 години невини луѓе лежат во затвор додека криминалците се на слобода.
Нема правда нема мир е најлажниот слоган на СДСМ. Откако се на власт им се случи најголемата рекетарска афера на тлото на Европа. 1 милион евра во кеш беа изнесени од дом на бизнисмен, а рекетарот Боки 13, на суд кажа дека тие пари завршиле кај Зоран и Вице Заев.
Едно општество за сите избледе како фраза. Во Македонија има се, само еднаквост не. Политичкиот реваншизам стана пракса. Се бркаат луѓе од работа само затоа што не се согласуваат со Заев, се пикаат во затвор неистомисленици.
Македонија е поделена држава. Поделбите никогаш не биле повидливи.
Судијката која донесе 200 години затвор за уставобранителите преку предмет кој беше за трговија на Заев, мафијата ја награди со предлог за уставен судија.
Македонија е заглавена и заробена држава. Мафијата владее, а народот е шиканиран.
Мафијата, криминалот и владата кои се едно исто во Македонија мора да паднат.
Ново на Сител
-
Приведени две лица, претрес во Штип, пронајдена дрога
-
Приведени двајца кавадарчани поради семејно насилство
-
АСО: Граѓани наплатија над седум милиони евра од осигурување живот за пет месеци
-
Приведен 28-годишник од Тетовско баран по централна потерница
-
ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП
-
Делови на Грција денеска се очекува да бидат зафатени од силно невреме
-
Честитка од Сиљановска-Давкова до американскиот претседател Бајден по повод Денот на независноста на САД
-
Сиљановска-Давкова на состанок со началникот на ГШ и министерот за одбрана