ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го повикаат Шолц како што го убедил Орбан да излезе од состанок истото да го направи и со Бугарија и Македонија да почне преговори
СДС да го повикаат Шолц, претседател на нивна сестринска партија, како што го убедил Орбан да излезе од состанок на кратко истото да го направи и со Бугарија и Македонија да почне преговори
СДС се толку одлепени од реалноста што не сфаќаат дека глупости од типот ВМРО е виновно зошто нема почеток на преговори, никој повеќе не им прифаќа како аргумент, ниту пак имаат некаква поента.
Наместо да трошат време на прес конференции, нека го повикаат Олаф Шолц, канцеларот на Германија и пријател на Македонија, а кој истовремено е претседател на сестринска партија на СДС, како што го убедил Орбан да го напушти состанокот за да ја протнат Украина, така да направи и со Бугарија за нас.
Ако тоа не се случи јасно е дека Бугарија не е единствена причина за блокадата на ЕУ интеграциите, туку криминалот и глупостите на власта, а големите членки на ЕУ тоа го кријат зад Бугарија.
Истовремено искажуваме задоволство од потегот на Унијата, која уште еднаш докажа дека доколку искрено се сака, може да направи се што е потребно за остварување на сопствените стратешки цели. Гледаме дека ако се сака, се се може. И тоа посебно не радува и охрабрува.
Воедно зачудува и истовремено воодушевува нивото на мазохизам на СДС, кои и покрај шамарите кои упорно ги добиваат од Унијата со Извештајот на ЕУ, а последно и со вакви јасни сигнали, дека во земјава има епидемија на корупција и хаосот и нефункционалноста на институциите се клучна причина зошто не не сакаат во ЕУ, дури и кога се спремни да молат премиерот да излегуваат од состаноци за да им помине некоја точка од интерес и за која нема дилема.
Исто така чуди зошто епидемијата на корупција во Македонија не е добар сигнал за да почнеме преговори имајќи го предвид фактот и рангирањето на Украина на листите на Транспаренси и натписите во угледните западни медиуми дека е кралство на корупцијата. Веројатно СДС и ДУИ имаат уште да надокнадат и не го стигнале врвот, иако некогаш врвот за некои е дно.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Украина: Русија нема да престане додека не биде запрена
-
Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
-
Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки