ВМРО-ДПМНЕ: Пријателскиот гест на Србија e пораз за Филипче кој дозволува да му умираат до 40 лица дневно
Пријателскиот гест на Србија, пораз за Филипче кој дозволува да му умираат до 40-тина лица дневно само од корона.
Венко Филипче вели дека тоа што граѓаните заминале на вакцинирање во Србија е пријателски гест на соседна Србија.
Да, Филипче, тоа е пријателски гест, ама е голем срам за тебе, за владата предводена од Заев.
Сите тие граѓани кои заминуваат на вакцинација во Србија, плаќаат даноци во Македонија, плаќаат здравстевно осигурување, а поради неспособноста на Филипче и Заев се приморани да патуваат за вакцина.
И во ваква ситуација, Филипче се дрзнува да каже дека ова сега се е под контрола иако бројката на починати се движи кон четири илјади.
Се шета по телевизии и вели следната недела ќе биде критична, а во меѓувреме не прави ништо.
Ама иако вели дека следната недела може да биде критична сепак попис можел да се спроведе.
А, тоа што опозицијата изразува незадоволство и протест од лошата ситуација не било во ред, ама во ред беше кога минатата недела тој и неговите партиски пријатели се шетаа, се сликаа и гласаа за единствениот кандидат за претседател на нивната партија.
Само кога Филипче и Заев ќе си заминат граѓаните ќе видат што е грижа за нив! А Филипче и Заев ќе одговараат за оваа катастрофа која им ја приредија на граѓаните!
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Полицискиот хеликоптер исфрли повеќе од 35 тони вода врз пожарот во струмичко
-
На „Табановце“ се чека околу 30 минути
-
Официјално започна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”
-
За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал