ВМРО-ДПМНЕ: Предлог Буџетот за 2023 година е инфлаторен и неразвоен
Предлог Буџетот за 2023 година е инфлаторен и неразвоен. Наместо со раст на економијата се фалат со социјална помош и други социјални трансфери.
Народот од владата чека конкретни резултати, кои ќе значат отворање на нови работни места, развој на економијата и повеќе пари за сите, а тоа не се постигнува со инфлациски буџет и со промашени приоритети.
Во делот на таканаречените капитални инвестиции. СДС секоја година се фали дека наредната година ќе прават градежна офанзива. И тоа секогаш завршува со ниту 50% реализација на предвидените капитални инвестиции.
Ниту еден километар автопат нема направено оваа Влада на СДС 6 години. Ниту една болница, ниту еден објект од општественк значење.
6 години една нова поголема странска инвестиција нема. Се што се отвора во зоните се реинвестиции на веќе постоечките, кои беа дојдени во државата за време на ВМРО-ДПМНЕ.
6 години не може да се направи ниту Клиничката болница во Штип, која беше оставена во фаза на карабина, ниту Клиничкиот центар во Скопје за кој имаше готов проект.
6 години објектите за ФИНКИ и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во дворот на УКИМ се во фаза на карабина, оставени да пропаѓаат.
6 години автопатот Кичево - Охрид не е мрднат од мртва точка.
6 години нема никаков развој. 6 години Македонија тоне со СДС. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори и промена на власта.
Ново на Сител
-
Наумовски: Нејасно е како Брисел нема план б за Македонија, како за Украина и покрај отстапките
-
Тема на денот со Зоран Јовановски, економски аналитичар
-
ЕУ нема ,,план Б" за европските интеграции на Македонија - Кошта вели: Што е договорено, е договорено
-
Таравари со оставка од министер, Вреди направи пратеничка група без Алијанса
-
Крешник Бектеши оди во куќен притвор
-
ДЗР: 457 лица загинале за 4 години во сообраќајки, пишани над 86 илјади казни за возење без дозвола
-
И државна помош и работа – се крои нов закон за социјалците
-
СДСМ: Цените растат – власта нема решение