ВМРО-ДПМНЕ: Пред Велигден ќе има терапија

Пред Велигендските празници, ќе има терапија на Онкологија, порачаа од владејчката ВМРО-ДПМНЕ.
Како што веќе објаснија од надлежните институции, моменталниот недостаток на дел од терапијата за онколошките пациенти е поради промени во системот за јавни набавки и за недела дена, односно пред велигденските празници сите лекови ќе бидат достапни во стабилни количини за наредните 12 месеци.
Оттука го повикуваме СДС да престане да шири паника, лаги и манипулации.
Исто така, потсетуваме дека СДС е партија која ја води Венко Филипче, кој порано бил министер за здравство и кој е директно одговорен за наследената лоша состојбата во македонското здравство.
Кога сме кај грижата на СДС, токму за ваквите пациенти болни од рак, само ќе повториме дека СДС е партија во чие време на владеење на онколошките пациенти наместо терапија им се даваше физиолошки раствор, а скапата терапија завршуваше на црниот пазар – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Загрозен балканскиот рис
-

Баргала, 16 века историја собрани во една книга
-

Преглед на вестите од светот
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Центар и потпретседател на СДСМ
-

Мицкоски: Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
