ВМРО-ДПМНЕ: Политиката на СДС ја турка државата кон економски крах
СДС со катастрофалната и расипничка политика ја турка државата кон економски крах.
Сите релевантни меѓународни институции како што е Светската Банка и ММФ проектираат црна слика за македонската економија само неколку месеци по доаѓањето на власт на СДС. Граѓаните се на работ на егзистенцијата, трошоците растат, а платите се намалуваат.
Поради погубната политика која што ја спроведува СДС со која што се стопираа сите капитални инвестиции кои ги започна ВМРО-ДПМНЕ македонската економија оди кон целосен колапс.
СДС ја стопираше изградбата на автопатите, изградбата на клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје, како и изградбата на голем број училишта и градинки во сите општини во Македонија, со тоа придонесе за пад на градежната индустрија, а со тоа предизвика и пад на уште 25 индустриски гранки кои се тесно поврзани со неа. Со самото тоа што индустриското производство е во континуиран пад, се очекуваат и првите отпуштања на работниците, со што ќе се зголеми невработеноста.
Лошите економски политики на владата на СДС и Заев придонесе за падот на просечната плата за 0,7 проценти. Се намалуваат плати, расте сиромаштијата, расте невработеноста, се замрзна покачувањето на пензиите, целата држава започна да тоне за само пет месеци владеење на оваа влада.
Додека животниот стандард на граѓаните константно се намалува, раководството во владата на СДС и Заев инкасираат милионски суми на нивните сметки.
Ова ли е животот кој што го ветуваше Зоран Заев и СДС?
Македонската економија веќе е во рецесија, а сите економски параметри во надолен тренд, без реални излгеди за подобрување на економската слика.
Единствени кои имаат профит од лошата економска политика на СДС се фирмите на владиниот врв, кои забрзано се шират под закрилата на власта.
Додека животот пристигна за бизнисите на Заев и неговите соработници, за граѓаните пристигна помрачување.
Ново на Сител
-
Групна тепачка во Батинци, учествувале 11 лица, употребени и остри предмети
-
ЦУК: Вкупно 12 пожари на отворен простор, два активни, еден под контрола и девет изгаснати
-
Пожарот кај Вардариште ставен под контрола, постепено се вклучува струја во Аеродром и Ново Лисиче
-
Телефонската линија 192 повторно е во функција
-
Четири лица, меѓу кои две малолетни тешко повредени откако се преврте автомобил на автопат
-
Папата повика на прекин на огнот во Украина: „Оружјето мора да замолчи“
-
СВР Скопје: Поради технички причини не е во функција телефонскиот број 192
-
Поради пожар на Вардариште без струја Аеродром и Лисиче