ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог закон за поврат на парични средства на граѓаните вакцинирани во Србија
Неодговорноста и доцнењето на власта при набавка на вакцини против КОВИД-19 чини човечки животи.
Фијаското со вакцинација ги примора македонските граѓани да се вакцинираат надвор од границите на Македонија.
Според податоците на ВМРО-ДПМНЕ околу 40.000 граѓани досега се имаат вакцинирано во странство од кои што најголем дел околу 30 илјади се имаат вакцинирано во Србија.
За сите во светот вакцината против КОВИД-19 е бесплатна, но македонските граѓани поради неспособноста на Заев и Филипче ја платија преку трошоци за превоз и за престој во соседните држави за да се вакцинираат.
Со оглед на тоа дека според Уставот на Република Македонија е загарантирано правото на здравствена заштита и граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите, Владата беше должна процесот на имунизација да го започне многу порано.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието поднесе закон со кој што се предвидува да им бидат вратени средствата кои што ги потрошија македонските граѓани за да можат да се вакцинираат надвор од Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ очекува дека тој закон ќе биде поддржан од сите пратеници затоа што е за доброто на граѓаните, а од неспособната влада на Филипче и Заев веќе не може да се очекува ништо, бидејќи се покажаа како целосно неспособни да обезбедат вакцини.
Време е да се да стави крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Топлотен бран во Македонија до среда со температури над 40-от степен
-
ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
Ѓорчев: Бришењето на македонски јазик е пораз за ЕУ, не за Македонија
-
Обвинение против полицајците за пожарот во „Пулс“, се очекува наесен
-
Комората на Македонија - Турција донира 100 000 евра за реновирање на ДСУ „Наум Охридски“
-
Лилјана и Јован – годинешни младенци за Галичка свадба
-
Мицкоски: Размислуваме за данок за неженети и немажени
-
Филипче: Мицкоски е виновен што е исфрлен Македонскиот јазик од извештајот на ЕК