ВМРО-ДПМНЕ: Пецаков ќе покрене постапки за клевета
СДСМ дефокусира од фактот дека со нивната неспособност убија 8 илјади луѓе, порано беше Наќе крив, сега Пецак им е крив.
Ова е истото СДСМ, чиј што претседател Заев и министер Филипче преговараа за провизии од вакцини, на кои луѓе им умираа за кислород, им се палеа болници и луѓе живи гореа.
СДСМ сака народот да заборави ма целата нивна неспособност.
А што се однесува на случајот кој што сакаат да го фабрикуваат ококу градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Пецаков на 19 јануари се тестира за потреби од патување, а се изолира веднаш по добивањето на резултатот, СДСМ ќе одговараат за клеветите што ги шират.
Градоначалникот Кирил Пецаков на 19 јануари направил тестирање за КОВИД за потребите од патување во странство со цел добивање на сертификат, а не затоа што чувствувал симптоми. Веднаш по добивањето на резултатот, кој го добил доцна во денот, а на кој бил позитивен се изолирал.
Два дена по првиот тест градоначалникот Пецаков прави втор тест, на кој истиот е негативен.
И двата теста се спроведени во Центарот за јавно здравје во Охрид, од каде и се шират сите небулози.
Во наредниот период градоначалникот Пецаков ќе покрене постапки за клевета. СДСМ фабрикува случај каде што нема. И за тоа ќе има одговорност за сите инволвирани во фабрикувањето на лагата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
МВР со дронови ќе го набљудува избирачкиот ден, ќе има и дежурни обвинители низ Македонија
-
За пожарот во „Пулс“ ќе му се суди и на сопственикот на агенцијата за обезбедување
-
На „vakcinacija.mk“ пријавени над 49 000 граѓани - На располагање има 80 000 бесплатни вакцини
-
Граѓанскиот суд го забрани штрајкот на контролорите на летање, синдикатот ќе се жали
-
Ќе има ли одговорност за куќата на писателот Малески
-
Македонија добива нова национална ИКТ стратегија - СМАРТ МК 2030
-
Преглед на вестите од светот
-
Андоновски: Нова дигитална стратегија